Апелација работи со двојно помалку судии

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На седница на судии на Апелациониот суд Скопје се разгледа и се дискутираше прашањето за постапувањето по сите видови предмети по кои судот постапува, вклучително и предмети од висок профил и од висок јавен интерес, со акцент на зголемување на ажурноста во постапувањето, а притоа имајќи ја предвид моменталната состојба и намалениот бројот на носители на судиска функција во судот, соопшти вчера Апелациониот суд.

На седницата е заклучено по сите предмети, а посебно по предметите од висок јавен интерес да се постапува ефикасно и ажурно, во согласност со законите како и со Судскиот деловник, почитувајќи го редот на приемот на предметите со цел да се обезбеди ефективно остварување на правдата и примена на законите и воедно да се избегне опасноста од застарување на предметите од висок профил.

„За подобрување на ажурното постапување и одлучување по предметите од јавен интерес потребно е првенствено да се почитуваат внатрешните процедури за управување со движењето на предметите во Судот, програмата и планот за спречување на корупција и судир на интереси и воспоставените процедури по ИСО стандардизацијата, како и стратешкиот план на Судот.

Како е воочена потреба од допрецизирање на определени активности и мерки, пред сѐ, во интерес на ажурно и ефикасно постапување, дополнително ќе се донесат внатрешни процедури како составен дел на веќе донесените, а во согласност со Законот за движење и управување со предметите во судовите“, се наведува во соопштението од Апелациониот суд.

Во моментот Апелациониот суд Скопје постапува со намален број носители на судиска функција и тоа 28 судии, од предвидените 52 судии.

Ажурното постапување по сите видови предмети вклучително и оние од висок јавен интерес, во голема мера зависи од пополнетоста на судиските места. Во Апелациониот суд Скопје во Кривичниот оддел на судот се распоредени 6 судии кои постапуваат по овој вид предмети.

 

Share This Article