Апел од УНХЦР до соседите додека Украина засилено се брани

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Агенцијата за бегалци при ОН денеска соопшти дека ситуацијата во Украина забрзано се влошува и ги повика соседните земји да ги отворат границите за прием на бегалци.

– Веќе видовме извештаи за жртви и луѓе кои почнаа да ги напуштаат своите домови за да одат на безбедно место – изјави високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.

Тој рече дека УНХЦР ги интензивирала своите операции и дека работи со украинските власти за да обезбеди поголема хуманитарна помош.

Денеска до 13 часот Русија извршила повеќе од 30 напади врз цивилната и воената инфраструктура во Украина, се наведува во извештајот на Генералштабот на украинската армија.

„Вооружените сили на агресорот извршија повеќе од 30 напади со крстосувачки ракети ‘калибер’, а извршија и повеќе ракетни напади. Во нападите учествуваа авијацијата и артилеријата, чија цел беше цивилната и воената инфраструктура во Украина“, соопшти Генералштабот.

Се додава дека „непријателот ја продолжува офанзивата од воздух, како и дека ја преминал украинската граница во правците Аријанск-Херсон, Чаплинка-Каховка“.

Според украинскиот Генералштаб, забележена е засилена активност на диверзантско-извидувачки групи во оперативната област Бесарабија и во Црноморската оперативна зона на Украина.

Поголем дел од Здружените украински сили се преминати на одбранбени операции.

Оперативно-тактичките групи водат одбранбени борби во сите правци во кои непријателот напредува, се додава во соопштението на Генералштабот на украинската армија во Киев.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article