Апел од МВР да не се пласираат лажни вести по социјалните мрежи

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите, кои се проширија на социјалните мрежи за наводни случаи на киднапирања деца.

Нема ниту едно одземено дете, ниту било какви киднапери. Апелираме да не се шират дезинформации по социјалните мрежи кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните. Полицијата е присутна насекаде и ја гарантира безбедноста на граѓаните“, се наведува во соопштението од МВР.

Претходно, на социјалните мрежи се појавија коментари од граѓани кои тврдеа дека луѓето од посочената фотографија се киднапери, дека „оперираат“ низ Скопје, особено во скопско Батинци, но и дека се забележани во прилепско Долнени.

Еден корисник на Фејсбук напиша дека лично се соочил со луѓето кои се обиделе да ги киднапираат неговите две внуки.

Share This Article