Апел од лекарите за време на Новогодишните празници

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поради претстојните прослави на Новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош препорачува редовно земање на терапија кај хроничните болни, да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на Божикниот пост, умерено користење на алкохолни пијалаци како би се избегнале несаканите последици-алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди. Посебно се апелира до младата и малолетна популација за некористење на алкохолни пијалаци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот.

Апелираат на воздржаност од користење на разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици.

За време на новогодишните празници ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје” ќе се грижи за состојбата на граѓаните во текот на 24 часа. На 31 декември, во Поликлиника Букурешт ќе бидат дежурни специјалистичките служби од 8 до 16 часот.

– На новогодишната ноќ достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена,недела и празници во Поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари,Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар, информираат од Здравствениот дом на Скопје.

Исто така, со секојдневното работно време информираат дека ќе функционира и единицата за домашно лекување.

Share This Article