More

    Апасиев му рече на Ковачевски дека сака да ја навикне македонската нација на порази

    spot_img

    Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, денеска на Комисијата за уставни прашања изјави дека никогаш нема да има уставни измени.

    – Никогаш нема да има уставни измени. Ова ќе биде нашето единствено излагање по предлогот, затоа што сметаме дека материјална расправа е безвредна, бидејќи вие премиере ја направивте сметката без крчмар, влеговте во процесот вртоглаво без да обезбедите двотретинско мнозинство. Навистина е излишно материјална расправа по оваа прашање – рече Апасиев.

    Тој ја обвини власта дека не обезбедила никакви државнички гаранции и посочи дека Бугарија и други земји можат да ни ставаат вета на патот кон ЕУ.

    – Што е најтрагично, не обезбедивте никакви државнички гаранции дека нема да има нови вета и тоа не само од Бугарија. Бугарија има уште 35 пати шанса да ни стави вето и ќе ни стави. Ќе ни стават и други земји. Сето она што ние денес го зборуваме е една обична козметика знаејќи дека влегуваме во еден лузерски процес, бидејќи вие навикнавте и сакате и нас како македонска нација да нѐ навикнете на порази – рече тој.

    Според Апасиев, никој не говори за правните последици кои ќе произлегуваат од процесот на уставните измени, а не само внесување на Бугарите во нашиот Устав.

    Собраниската Комисија за уставни прашања со десет гласови „за“ и седуммина против го проследи на натамошно разгледување предлогот за уставни измени.

    На денешната седница на Комисија предлогот го образложи премиерот Димитар Ковачевски.

    Собраниската седница за утврдување на потребата од уставни измени е закажана за 18 август 2023 година.

    На Комисијата за уставни прашања денеска беа изгласани два заклучока и тоа за пристапување кон измена на Уставот и за подготвување на нацрт-амандманите за измена на Уставот, доколку биде прифатена потребата за негова измена на седницата на 18 август. Двата заклучока се донесени со десет гласа „за“ и со седум гласови „против“.

    – Под 1, Комисијата го поддржува предлогот за пристапување кон измена на Уставот поднесен од Владата на Република Северна Македонија. Под 2, Комисијата предлага на Собранието предлага да донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот – предложи Џафери.

    Вториот заклучок се однесува на подготвување на нацрт – амандмани за измена на Уставот, доколку се изгласа потребата на собрансиката седница закажана за 18 август.

    – Согласно член 131, став 1 од Уставот одлуката за пристапување кон измена на Уставот на РСМ ја донесува Собранието со двотретинско мнозинство од вкупниот број гласови на пратеници. Доколку Собранието донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот согласно членот 196 став 4 од Деловникот, Собранието со заклучок утврдува рок во кој подносителот на предлогот за пристапување кон измена на Уставот изготвува текст на нацрт амандманите на Уставот, поради што предлагам на Комисијата да усвои и на Собранието да му предложи следниот заклучок: Подносителот на предлогот за измена на Уставот, Владата на РСМ најдоцна во рок од 15 дена да подготви текст на нацрт-амандманите и да го достави до Собранието – рече Џафери.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img