More

    АПАСИЕВ И КРМОВ ГО ИСПРАТИЈА ЏАФЕРИ СО УШТЕ ЕДНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА

    spot_img

    Пратениците на Левица до Основното јавно обвинителство – Скопје денеска поднесоа кривична пријава за претседателот на Собранието Талат Џафери за, како што велат, пропуштање должен надзор и злонамерно несовесно постапување при носењето на петте закони поврзани со „Бехтел и Енка”.

    Подносителите Димитар Апасиев и Борислав Крмов тврдат дека Џафери сторил кривично дело „Несовесно работење во службата” – казниво по чл. 353-в од Кривичниот законик, со запретена затворска казна до три години.

    Во пријавата од Левица, која е деветта по ред против Талат Џафери, се тврди дека Законот за стратешки партнер за коридорите 8 и 10-д, Законот за урбанистичко планирање, Законот за градење, Законот за експропријација + Законот за работни односи, спротивно на Деловникот биле пуштени во собраниска процедура со европско знаменце – без пополнета кореспондентна табела и без потпис од надлежните министри.

    Пријавениот бил должен истите да ѝ ги врати на Владата, како предлагач, со барање за усогласување со одредбите од Деловникот – а не го сторил тоа, поради што го довел парламентот во заблуда и ги повредил загарантираните уставни права на пратениците, за што подлежи на кривично-правен прогон по службена должност.

    Ја известуваме македонската јавнос дека правниот тим на Левица подготвува уште најмалку две кривични пријави против Џафери, за различни кривични дела против службената положба и овластување, а нивното процесуирање ќе биде услов на Партијата за учество во било која идна Влада на Република Македонија“ – се вели во соопштението на Левица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img