Не е исто кога Новак Ѓоковиќ игра финале на Австралија опен, во споредба со кога тоа не се случува.
Изненадувачката елиминација на српскиот тенисер започна домино ефект и се одрази на цените на билетите за финалето меѓу Даниил Медведев и Јаник Синер.
Јасно е дека Новак привлекува најголемо внимание од сите светски медиуми, но и од навивачите, а овој ненадеен колапс на Австралија Опен не изненадува.
Така вредноста на билетот за финалето, кој пред елиминацијата на Ѓоковиќ чинеше од 5.000 до 6.0000 австралиски долари, падна на „само“ 1.799 долари.
Само оваа информација покажува колку на тенисот ќе му недостасува успехот на Новак Ѓоковиќ, кој нема да игра до март и Мастерсот во Индијан Велс.