Антонио Милошоски објаснува како Антикорупциска може да си ја заврши работата околу скандалот

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Положениот правосуден испит на Барлет Џафери, синот на Талат Џафери може да биде легално и законски поништен ако се следи членот 124 од Законот за општа и управна постапка, пишува Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук. Милошоски дава неколку чекори како Државната комисија за спречување на корупцијата(ДКСК) би можела и е должна да го истражи овој скандал и покрај неодамнешната изјава на претседателката на ДКСК дека „државата нема правни или други механизми со кои би се санкционирале овие случаи”.

Спорниот испит на Барлет Џафери, кој го положил без притоа да има завршено правен факултет и без да има претходно искуство во професијата, наиде многу реакции во јавноста. Милошоски вели дека бидејќи тие два услови не биле исполнети, според членот 124, управниот акт, со други зборови Уверението за положен испит може да се прогласи за ништовно.

Поконкретно, во членот се вели дека причина за ништовност би била кога управниот акт би можел да предизвика дело казниво според Кривичниот законик или пак содржи неправилност според други закони.

Милошоски потоа го цитира следниот член од законот, каде се испоставува дека Антикорупциска е должна да го извести Министерството за правда за да поведе постапка:

„Во членот 125 став 3 од Законот за општата управна постапка е утврдено дека Органот (во случајов Антикорупциска) кој ќе дознае за управен акт со кој е повреден законот, а повредата може да биде причина за поништување на управниот акт, должен е без одлагање за тоа да го извести јавниот орган надлежен за поведување постапка и за донесување на управниот акт. Согласно чл.125 Антикорупциската комисија е должна да го извести Министерството за правда дека дошла до сознанија за ништовен управен акт издаден од ова министерство“, пишува Милошоски на Фејсбук.

„Дополнително, претседателката на Антикорупциската нема изговор за застареност на скандалот, бидејќи во ставот 2 од чл.124 од ЗОУП е определено дека управниот акт (уверението за положен правосуден испит на Б. Џафери) може во секое време да се огласи за ништовен по службена должност“, додава тој.

„Врз основа на овие законски одредби Антикорупциската може уште денес да го извести Министерството за правда, а ова министерство може уште утре да го поништи Уверението за положен правосуден испит на Барлет Џафери, затоа што за овој управен акт нема застарување и нема рок за поништување на незаконски управни акти“, заклучува Милошоски.

„Значи правни механизми за разрешување на скандалот има, но прашање е дали има волја кај  Ивановска и нејзините колеги во ДКСК да постапуваат по словото на законот?!“, прашува тој.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article