Шпанскиот актер Антонио Бандерас по судска одлука ја урна куќата што ја купил во средината на 90-тите години во шпанскиот град Марбела, во близина на Малага, каде што живеел додека бил во брак со американската актерка Мелани Грифит.
По неколку години судски процеси, Бандерас ја извршил наредбата на судот за да се реши нерегуларната ситуација во која се наоѓал имотот, изјавиле општински извори за „Ефе“.
Градежната дозвола за имотот на Бандерас, изградена во 1995 година, била незаконска и потоа поништена, бидејќи куќата „Ла Гавиота“ била изградена на парцела која е класифицирана како „санитарен објект“.
Во 2008 година, Врховниот суд на правдата на Андалузија ја отфрлил жалбата на Бандерас што ја поднел против судскиот налог од 2003 година за уривање на куќата.
Судот навел дека нема причина за поништување на оваа пресуда, пренесува шпанската агенција.