Антонела Ракузо, сопругата на Лионел Меси, вчера го прослави својот 36-ти роденден, а на Инстаграм покажа како поминала роденденската прослава со сопругот и децата.
На една фотографија таа позираше со сопругот покрај ѕид украсен со балони и цвеќиња.
Славниот аргентински фудбалер на својот Инстаграм профил ја сподели нивната заедничка фотографија со роденденска честитка.
„Среќен роденден, принцезо! Те сакам“ – напиша Лионел Меси.
Обожавателите и честитаа на Антонела во коментарите, а многумина беа изненадени и воодушевени од скромноста на сопругата на Меси. „Роденденот изгледа поскромно од некои инфлуенсери“, „Убава и едноставна“ и „Луѓето кои имаат пари не се докажуваат со расфрлање на роденденски забави“ – коментираа фановите на социјалните мрежи.
Лионел Меси и Антонела Ракузо делат една од најубавите љубовни приказни во светот на славните. Се запознале кога Меси имал само пет години, а врската ја започнале во средно училиште. Нивниот прв син Тиаго е роден во 2012 година, а Матео се роди три години подоцна, додека нивниот трет син Чиро го добија во 2018 година. Антонела и Меси се венчаа во 2017 година во нивниот роден град Росарио во Аргентина, на приватна церемонија далеку од очите на јавноста.