Антикорупциската комисија ДКСК како институција, при разгледување на секој предмет, ги утврдува фактите преку информации кои ги прибавуваме од други надлежни институции и при носењето на одлуките постапуваме исклучиво во рамките на нашите законски надлежности, велат во соопштение од ДКСК.
„Во однос на предметот за директорот на АНБ, што се однесува на оспорената факултетска диплома, надлежна иснтитуција која ги утврдува фактите е Државниот просветен инспекторат врз основа на чиј записник од спроведен инспекциски надзор е донесена одлуката на ДКСК. Во однос на овој случај, сакаме да укажеме дека ДКСК нема надлежност да презема истражни дејствија во однос на веродостојноста на сертификатот за познавање на странски јазик и тоа прашање е во надлежност на истражните органи. Што се однесува до членот на ДКСК Цвета Ристовска, сакаме да укажеме дека нејзината соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје била на ниво на гостин предавач и никогаш за финансиски надомест или друг тип договорна соработка. Оттаму, сметаме дека не постои никаков судир на интерес бидејќи нема никаква поврзност со наведниот универзитет“, се вели во соопштението на ДКСК.