More

    Антикорупциска комиисија одговори на нападите од ЈО

    spot_img

    Kако Јaвното обвинителство оцени дека нашата Иницијатива е беспредметна и неоснована, и дека при анализа на предметот сме немале пред себе бројни докази ниту увид во комплетната фактичка состојба, кога Иницијативата сè уште не ви е доставена, а Обвинителството сè уште нема сознанија кои доказни материјали сме ги обезбедиле при анализата на овој предмет – вели Државната комисија за спречување криминал и корупција во одговор на претходните реакции од Јавното обвинителство за постапките кои се водени во врска со предметот „Труст“.

    „Податоците кои беа изнесени на седницата, а која е задолжително јавна, согласно член 22 став 3 од Законот за спречување корупција и судир на интереси, во најголем дел се веќе познати на јавноста, а ДКСК изврши анализа и хронолошко поврзување на истите.

    ДКСК и во овој случај постапи согласно надлежноста утврдена во член 17 став 1 точка 5, и одлучи да покрене Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење по предметите по кои постапува.

    Се поставува прашањето како ЈО ја оцени Иницијативата дека е беспредметна и неоснована и дека Комисијата при анализа на предметот немала пред себе бројни докази ниту увид во комплетната фактичка состојба, кога Иницијативата сè уште не е доставена, а ЈО сè уште нема сознанија кои доказни материјали сме ги обезбедиле при анализата на овој предмет.

    Во духот на заедничка и организирана борба против корупцијата и организираниот криминал целисходно е ЈО претходно да ги види сите факти и аргументи со кои располагаме, бидејќи целта на ДКСК е да придонесе при расветлувањето на овој случај, а не да ја компромитира постапката што се води во ЈО.

    Меморандумот за соработка помеѓу институциите е само израз на добра волја за соработка, но надлежностите се јасно дефинирани во законите.

    ДКСК, почитувајќи ги одредбите во Меморандумот за соработка на ДКСК со ЈО, на редовна средба го извести обвинителството дека има сериозни сомнежи во врска со предметот Труст и дека ќе покрене Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење.

    ДКСК и понатаму ќе продолжи да постапува согласно своите законски надлежности и да соработува со сите надлежни институции за борба против корупцијата и организираниот криминал, во интерес на владеењето на правото“ – се вели во одговорот од ДКСК.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img