Турската армија уби 21 курдски екстремист во северна Сирија и Ирак, соопшти денеска Министерството за одбрана во Анкара.
Наведено е дека во Сирија се убиени 20 членови на Работничката партија на Курдистан, кои го подготвувале нападот, а еден во Ирак.
Работничката партија на Курдистан е прогласена за терористичка организација од Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави.
Конфликтот на организацијата со турските власти започна во 1984 година и однесе повеќе од 40.000 животи, според Ројтерс.