Турција постави десет услови за да нема приговори за приемот на Шведска и Финска во НАТО, објави турскиот весник Сабах.
Меѓу другото, Турција очекува и разјаснување на пристапот на двете земји, кога станува збор за Курдистанската работничка партија и прекинување на активностите на раководството на групата во тие земји, вклучително и во Парламентот.
Анкара повикува и на запирање на финансиската поддршка за организацијата на сириските Курди, Сили за заштита на народот.
Меѓу барањата е и прекин на активностите за дезинформација, предводени од членовите на ФЕТО, организација обвинета за обидот за државен удар во Турција во 2016 година, по кои трагаат турските власти. Се бара забрзување на екстрадицијата на членови на курдски групи. Од Турција предлагаат и меѓусебни иницијативи за воспоставување механизам за блиска соработка и редовни консултации со земјата за тероризмот.
Како услов, Анкара става крај на шверцот со пари во двете земји на структури поврзани со терористички организации и блокирањето на нивните сметки. Се очекува и Шведска и Финска да попречат какви било собирање средства и антитурски иницијативи на групи, кои се претставуваат како невладини организации, пишува Сабах.
Листата со десет барања на Турција, допрва треба да им биде претставена на соговорниците, се наведува во текстот.