Анита Стамнова е назначена за нова в.д. директорка на Централен регистар
Таа доаѓа на местото на Марија Бошковска-Јанковски.
Стамнова досега беше член на Кабинетот на министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска.
Претходно била заменик-директорка на Државниот завод за статистика и раководителка на одделението за буџетска координација и буџетска контрола на Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати.
Стамнова е поранешна соработничка на премиерот Христијан Мицковски од времето кога тој беше генерален директор на АД ЕСМ, поранешен ЕЛЕМ.