More

    Англија веќе има предност од 3 гола на полувреме против „рисовите“

    spot_img

    Репрезентацијата на Англија е пред победа на „Олд Трафорд“ против Македонија, бидејќи на полувреме заминаа со предност од 3-0. Англичаните головите ги постигнаа брзо, во последните 15 минути од полувремето за убедлива предност.

    Долго време Англичаните го бараа патот кон голот. Доминираа во сите сегменти, на моменти само ги оставаа нашите репрезентативци да прават неколку комбинации на средината на теренот, меѓутоа без некоја сериозна закана кон Пикфорд.

    Голеадата во првиот дел ја почна Кејн во 29 минута. По акција од левата страна, Шо го проигра осамениот Кејн кој стрелаше лесно во мрежата на Димитриевски. Десет минути подоцна Сака успеа да го совлада нашиот голман по една долга акција по левата страна. Сака на крајот оставен сам, Зајков не стигна да изблокира, и топката е во мрежата на Димитриевски.

    И кога се очекуваше крајот на првиот дел, за да се соземеме, нова акција на Англичаните по левата страна, Хендерсон го проигра осамениот Рашфорд за предност од 3-0. Рашфорд само минута претходно од „зицер“ позиција не успеа да го совлада македонскиот голман, кој одлично одбрани.

    Македонија ги чека тешки 45 минути во вториот дел. Тешко се доаѓа до позиција за закана, а Англичаните ако продолжат вака, дефинитивно ќе имаат уште некоја шанса за уште некој гол.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img