Англија славеше против Италија (2:1) на почетокот од квалификациите за ЕП 2024. Натпреварот се одигра во Неапол, а англиските навивачи се полни со горчина и гнев поради начинот на изведба на химната „God Save The King“.
По излегувањето од тунелот, играчите на двете репрезентации се редеа на теренот, а потоа беше објавена и англиската химна. Почнаа громогласните свирежи на италијанските фанови, но и проблемите на пејачката со изведувањето на националната химна.
На нејзиното лице се гледаше дека нешто не е во ред, нервозно ја местеше слушалката, а целата ситуација ги збуни и англиските репрезентативци. Националната химна едвај можеше да се слушне, што секако ги разбесни Англичаните, кои отворија оган кон пејачката.
„Ова е најлошата изведба на националната химна што некогаш сум ја видел“, напиша еден корисник на Твитер, а поранешниот играч на Тотенхем Џејми О’Хара додаде:
„Националната химна беше хаос“.
Ова беше срамно“, заклучија англиските навивачи.
Изведбата на англиската национална химна можете да ја погледнете во прилог: