Англичаните во првото коло од групата Б на Светското првенство го совладаа Иран со високи 6:2.
Тоа е и нивна најголема победа досега во првиот меч на Светското првенство досега. Англија по втор пат во својата историја постигна шест гола на натпревар од големо натпреварување, тоа го направи во 2018 година против Панама, која ја доби со 6:1.
Селекторот на Англија Герет Саутгејт го достигна рекордот. Тој има освоено повеќе натпревари на големите натпреварувања (Светско првенство, евра) од кој било друг селектор на Англија. Саутгејт има девет победи, а Сер Алф Ремзи кој има осум.