Англичанецот плаќаше 11.000 евра од ден, но сега си најде дом во Минхен

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Англискиот репрезентативец Хари Кејн направи најголем трансфер во својата кариера откако реши да го напушти саканиот Тотенхем и да се пресели во Баерн Минхен, а шест месеци, тој конечно успеа да си пронајде нов дом.

Извонредниот голгетер пронајде куќа во Минхен и сега ќе може да се среди со целото свое семејство, кое изминатиов период уживаше во сите погодности кои ги носи еден од најлуксузните хотели во Баварија.

Кејн издвојуваше околу 11 илјади евра за ноќ за престој на неговото семејство, а после речиси шест месеци минати во елитното сместување, го напушти хотелот со сметка која надминува еден милион евра.

Оваа вест со голема насмевка ја соопшти и самиот Кејн, кој не пропушти да им се заблагодари на сите вработени, но го спомена и Томас Милер кој беше загрижен за топките кои ги носи Хари во хотелската соба поради постигнатите голови.

„Огромна благодарност до вработените во хотелот кои направија да се чувствувам како дома откако пристигнав во Минхен. Тие одработија голема работа за да се адаптирам така добро. Томас Милер беше загрижен дека мојата соба станува се помала, па сега време е да се одјавам и да влезам во дом со моето семејство“, порача Кејн.

 

фото: Икс
Share This Article