More

    Ангелов информираше дека вчера имало повеќе од 35 активни пожари кои што најголем дел успеале да ги изгаснат, убеден е дека пожарите се подметнуваат

    spot_img

    Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информираше дека вчера имало повеќе од 35 активни пожари кои што најголем дел успеале да ги изгаснат. Според Ангелов, дел од пожарите горат со денови и се поголеми како што е пожарот на Илинска планина.

    Вчера имало и повеќе пожари на територија на градот Скопје.

    – Се работи за сезона на тешки пожари и за жал, не се само на наша територија. Повеќе од 150 пожари има и на територија на Србија, па оттаму го повлекуваат нивниот хеликоптер и не можеме да сметаме на нивна поддршка. Пожари има и во Грција и насекаде во регионот. Апелирам до сите граѓани да бидат екстремно внимателни. Тешко објасниво е појава на 40 нови пожари во еден ден. На дневна основа имаме појава на 35-40 стихии. Се сомневам дека добар дел се подметнати бидејќи не е нормално во еден ден да имаме 35-40 пожари. Или се работи за тотална неодговорност на одредени поединци или за некаква намера – рече Ангелов во видео-обраќањето од пожарот над викенд-населбата Брезница на Козјак.

    Oвој пожар е сѐ уште активен и по 19 дена, но со поддршка на локалните пожарникари и со поддршка на унгарскиот тим пожарникари, пожарот го заокружи селото Брезница и не навлезе во селските куќи.

    – Едниот крак од пожарот се движи во насока на викенд населбата на Езерото Козјак. Затоа овие два дена ги фокусиравме пожарникарите кои дојдоа за помош од Унгарија да изработат противпожарен појас над оваа викенд населба. За жал еден крај од овој појас успеа да влезе во ловиштето Јасен иако претходно повеќе од 15 дена не дозволуваа овој пожар да навлезе на теренот на ловиштето. Гаснењето ќе продолжи и денеска, наша основна цел е заштита на објектите, пред сѐ, на викенд населбата на Езерото Козјак, но и да го стопираме неговото движење во насока на ловиштето Јасен – информира Ангелов.

    Вчера избил уште еден тежок шумски пожар над селото Косоврасти, Дебарско, на исклучително стрмен терен.

    Пожарот во атарот на селото Негорци што бил ставен под контрола, вчера повторно се разгорел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img