Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, на својот ФБ профил попладнево објави дека е на заслужен одмор, но вели дека доколку службата повторно го бара, веднаш се враќа назад.
Ангелов синоќа информираше дека сите пожари на територијата на Македонија се изгаснати, како и дека дождот го намали ризикот од избувнување на нови поголеми жаришта,
„ПОД ОЛИМП. Благодарение на синоќешниот дожд, со семејството тркнав до море, на ден или два, малку јужно од горе, назад сум за миг, ако почне да гори“, напиша Ангелов на својот Фејсбук профил, објавувајќи фотографија од плажа.