More

    Ањели не признава дека е виновен

    spot_img

    Андреа Ањели ги смета за неосновани обвинувањата кон поранешното раководство на Јувентус.

    – За љубовта на Јувентус, во последните години направив сѐ што е можно за да постигнам резултати на теренот и надвор од него. Јувентус е над сѐ. Цврсто верувам дека во последните години постапив како што треба и дека обвинувањата против нас беа неосновани – изјави екс-претседателот на Јувентус на состанокот на акционерите на клубот.

    Претходно, оставка поднесе и целиот управен одбор на Јувентус, вклучувајќи го и Ањели.

    Јувентус и поранешните членови на управата на клубот се соочуваат со судски постапки.

    Вчера, компанијата „Ексор”, во сопственост на семејството Ањели и мнозински сопственик на Јувентус, ја претстави листата на кандидати за новиот управен одбор на клубот.

    Џанлука Фереро се кандидира за претседател, а Маурицио Сканавино се кандидира за извршен директор. Новиот состав на одборот на директори ќе биде соопштен на собранието на акционери на 18 јануари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img