Синоќа се емитуваше овогодинешното издание на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“, која се одржа на 16 март во Арената „Борис Трајковски“.
Настапот на актерот и шоумен Игор Џамбазов и музичарката Андријана Јаневска привлече најголемо внимание и предизвика бура од емоции кај публиката.
Андријана ја запеа „Ми заплакало селото Ваташа“, а Игор ја рецитираше „Цветови“ од Славко Јаневски, во придружба на хорот „Мирче Ацев“.
„В Тиквешко негде, в некое село,
кај в слана тивко венеше цвете,
– убија дете.“
Нивниот моќен настап погледнете го во продолжение, во видеото после седмата минута.