Пејачката и професорка по виолина Андријана Јаневска (42) и нејзиниот сопруг, музичарот Драган Гиновски – Гино (57), денеска слават 14-годишнина од бракот.
Андријана со неколку свадбени фотографии го одбележа посебниот ден.
„На денешен ден пред 14 години бев невеста. Со Гиновски се венчавме во црквата Св. Димитрија, а игравме оро во ресторан Имес. Имес не постои, ама ние си тераме“, напиша пејачката на својот профил на Фејсбук.
Под фотографиите тие добија бројни коментари со честитки.
Андријана и Драган ја направија свадбата на 19 јуни 2010 година, а стапија во брак неколку месеци претходно, на 30 декември 2009 година.
Во бракот добија два сина – Димитар и Кристијан.
ФОТО: Фејсбук