Новак Ѓоковиќ втора година по ред го загуби финалето на Вимблдон од шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз, а во мечот за трофејот беа очигледни многубројните грешки на Србинот, особено во играта на мрежа.
Неколкумина тениски експрети и поранешни Грен слем шампиони го изнесоа своето видување за играта на Ѓоковиќ, а најголем дел од нив сметаат дека во најскоро можно време мора да ангажира тренер, кој ќе му помогне за клучните моменти на мечевите и веројатно за последните две години од активната кариера.
На овие совети се придружи и славниот Андре Агаси (му беше тренер во 2017 година), кој важи за голем почитувач на Ѓоковиќ и вели дека разделбата со Горан Иванишевиќ можеби не се случила во идеално време.
– На Новак му е потребен тренер, тоа е повеќе од очигледно. Мислам дека и самиот го знае тоа. Не е воопшто наивен, очекувам многу наскоро да започне соработка со некого. Тренерот секогаш може да ги забележи работите што вие не ги гледате, таквите ситници некогаш можат да бидат пресудни за успехот. Не знам дали разделбата со Иванишевиќ се случи во вистински момент. Новак не е било кој, тој е најталентираниот тенисер на сите времиња, па затоа мислам дека може да игра уште барем две години на највисоко ниво. Штом прикажува вакви игри на оваа возраст, тогаш сите треба да му се поклонат, без оглед дали го сакаат или не – рече Агаси.
Ѓоковиќ остана на 24 освоени трофеи од најпрестижните турнири, а сега на големо се подготвува за настап на Олимписките игри во Париз.