Анџелина Џоли ужива на концертот на „Манескин“ во Рим

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Холивудската актерка Анџелина Џоли (47) уживала со својата ќерка Шајло Џоли-Пит (16) на концертот на италијанската рок група „Манескин“ во Рим.

Концертот се одржа во саботата, во „Circo Massimo“, а судејќи по фотографиите, Шајло многу уживала, а и Анџелина не заостанувала зад неа.

Како што пишува „Вариети“, Анџелина Џоли го режира филмот „Без крв“ според книгата на Алесандро Барико, чие дејство е сместено во Италија, а локациите на снимање се јужните делови на земјата, како и Рим, па затоа е можно дека на концертот дошла за време на паузата од снимањето.

Инаку, на истиот концерт, Дамијано Давид, фронтменот на италијанската група „Манескин“, кој победи на минатогодишната Евровизија, го опцу рускиот претседател Владимир Путин и војната.

Овој антируски момент се случи за време на изведбата на песната „Бензин“. Песната е снимена на почетокот на април, а со неа бендот се приклучи на иницијативата „Stand Up for Ukraine“ на организацијата „Global Citizen“ на која досега и се приклучиле многу светски ѕвезди.

ФОТО: Инстаграм

Share This Article