Холивудската актерка Анџелина Џоли стои зад спорната анонимна пријава за напад и тужба против поранешниот сопруг Бред Пит од 2016 година.
Во спорната тужба, која пред шест години ја поднесе обвинителот кој сакал да остане анонимен, се наведува дека актерката во тоа време била нападната од нејзиниот сопруг за време на летот во приватен авион, пишува магазинот „Филм њуз“.
За потсетување, во април оваа година, од ФБИ беше побарано да ги предаде документите поврзани со тужбата според законите за слобода на информирање.
Сега е потврдено дека Џоли ја поднела тужбата во тоа време.
Во извештајот се наведува дека актерката потоа му рекла на агент на ФБИ дека нејзиниот сопруг „физички и вербално ја нападнал“ пред децата во приватен авион, по што следел друг извештај во кој се вели дека актерката има повреден лакт.
По тогашната одлука на агентот на ФБИ, кој одлучил да не покренува обвинение врз основа на извештајот, актерката поднесе тужба против агентот поради кршење на слободата на информации, барајќи ја целата спорна документација.