Во најновото интервју кое го даде за „Вог“, актерката Анџелина Џоли си ја отвори душата и проговори за родителството, воспитувањето на децата, но и за разводот со Бред Пит.
Ако поради нешто не жали и денес, тоа е моментот кога станала мајка. Џоли признала дека тоа што е самохрана мајка ја „спасило“ од тоа да „потоне“. Покрај тоа, таа откри и дека тоа што се фокусирала на воспитувањето на децата, по разводот со Бред Пит, ја туркало напред сите овие години.
„Имав 26 години кога станав мајка. Целиот мој живот се промени. Тоа што добив деца ме спаси, но и ме научи на некои нови работи. Убедена сум дека ќе завршев на дното доколку не одлучев да живеам поради нив. Тие се подобри од мене, а тоа и го сакате од вашите деца“, изјавила Џоли.
Нејзиниот брак со Бред Пит заврши во 2016 година, по 12 години заеднички живот, а заедно имаат шест деца – Медокс (22), Пакс (19), Захара (18), Шајло (17) и близнаците Вивиен и Нокс. (15).
„Последниве денови сум малку тажна. Се обидувам да сфатам која сум на своите 48 години. Очигледно сум во некоја транзиција, промена. Не чувствувам дека последната деценија сум била она што сум, а не го сакав тоа“, додала холивудската актерка без да открива премногу, но навестувајќи дека изминатите години биле исклучително тешки за целото семејство.
„Многу работи требаше да излекуваме. Сè уште се бараме“, додала таа.
ФОТО: Инстаграм