Холивудските ѕвезди Анџелина Џоли и Бред Пит постигнаа договор за развод по осум години, изјави нејзиниот адвокат за медиумите.
Адвокатот на Пит не коментираше, пишува Асошиетед прес.
Пит и Џоли беа заедно од 2005 година, но се венчаа дури во 2014 година и заедно имаат шест деца.
Две години подоцна, Џоли поднесе барање за развод во 2016 година, наведувајќи ги „непомирливите разлики“ и го обвини за семејно насилство.
По поднесувањето на барањето за развод, двојката водеше долга битка за старателство над децата.
Во 2021 година, судијата додели заедничко старателство над децата.
Анџелина Џоли и Бред Пит беа познати и како „Бранџелина“.
Тие се запознаа на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“ во 2005 година.
Анџелина Џоли претходно го обвини Пит дека не плаќа алиментација, што тој го негираше.
Во претходното интервју за магазинот „Вог“, Анџелина Џоли изјави дека го напуштила Пит затоа што тоа е најдобро за семејството.
„Тоа беше вистинската одлука“, рече таа.
Тоа беше втор брак на Пит. Тој претходно беше во брак со ѕвездата на „Пријатели“ Џенифер Анистон.
Пред Пит, Анџелина Џоли беше во брак со Били Боб Торнтон и Џони Ли Милер.