More

    Анализа на содржините за родово-базирано насилство

    spot_img

    Медиумите имаат релативно низок капацитет да го препознаат фемицидот, како најтешка форма на родово-базирано насилство, односно дека тоа е убиство на жена само затоа тоа што е жена и каде што постои намера да се изврши убиството.

    Ова го покажува анализата на родово-базирани содржини „Фемицидот во македонските медиуми“ што ја изработи Институтот за комуникациски студии. Анализата покажува како медиумското известување за случаите на фемицид влијае на одржувањето на родовите стереотипи, опфаќајќи 300 новинарски извештаи за три посебни случаи за фемицид во Македонија и за фемицидот на Махса Амини во Иран од полицијата, објавени од септември 2022 до јануари 2023 година.

    Во известувањето за случаите во Македонија не се препознава родовата компонента на убиствата на жените, ниту се зема предвид дека најголем дел од овие убиства се извршени од машки партнери или роднини, во домот во кој живее жртвата. Недостига анализа на општествено-политичкиот контекст во кој се одвива дејството на случаите и воопшто не се зема предвид улогата на институциите во спречувањето и заштитата од насилство, особено од фемицид.

    И во известувањето за протестите во Иран директно не се поврзува насилството и бруталноста со последицата – смрт, а само неколку македонски медиуми му посветиле внимание на поширокиот контекст. За споредба, фокусот на медиумите низ Европа беше ставен на борбата за автономија врз сопственото тело и слободата над сопствениот живот, наметнувањето на репресивни регулативи врз женските тела, прекршувањето на човековите права преку родовото насилство и фемицидот и револуцијата за слобода и социјална правда.

    Во новинарските извештаи речиси и не се употребува родово-сензитивен јазик. Извештаите директно не промовираат родови стереотипи, но сепак гласот на жртвата е во втор план, што всушност го одржува родовиот стереотип за инфериорноста на жената во општеството. Дополнително, најголем дел од медиумите употребуваат сензационалистички јазик, особено во кликбејт-наслови за да привлечат поголем број читатели, а кои се нечувствителни за суштината на случајот.

    Известувањето најчесто има информативен карактер, без длабинско анализирање на случаите. Новинарските извештаи главно се генерички, фактографски и значително наликуваат или се идентични еден на друг. Изворите што ги користат се ограничени на соопштенијата на институциите, а дополнителни извори и статистика се користат многу ретко. Во голем дел од извештаите не се назначува изворот на информации и фотографии, не се почитува приватноста на личноста и постои сензационализам при информирање во случаи на несреќи и семејни трагедии.

    Анализата на известувањето за фемицидите укажува на алармирачки ниското ниво на превентивна функција на медиумите за подигање на свеста кај граѓаните за сите форми на родово-базирано насилство, како и промовирање на родовата еднаквост и елиминирање на стереотипите за родовите улоги, која е и законски одредена.

    Медиумската анализа е изработена во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија“, кој се реализира со поддршка на Британската амбасада во Скопје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img