„Русија признава дека не може да спроведува операции на повеќе фронтови истовремено“.
Вака изјавил за Би-Би-Си западен претставник. Во анализата на порталот се наведува дека тоа најверојатно значи дека руските сили ќе се концентрираат на придвижување на така наречените „линии на контакт“, што ги делат териториите под контрола на Украина од териториите контролирани од проруските сепаратисти во самопрогласените „народни републики“ Доњецк и Луганск.
Згора на тоа, Русија денеска објави дека „првата фаза од специјалната воена операција“ во најголем дел е завршена и оти сега ќе се концентрира на „ослободување на Донбас“. Според западни претставници најавата имплицира дека Русија е свесна дека нејзината првична стратегија пропадна.
Русија подготвува и испраќа 10 нови баталјони како помош во руските операции посебно во Донбас. Додека западните власти веќе извесно време се загрижени дека руските сили ќе се обидат да ги опколат најдобрите единици на украинската армија, кои се стационирани покрај така наречената „линија на контакт“.
Ако поголем број руски сили, првенствено воздушни сили, се концентрираат на исток, загриженост ќе се зголеми.