More

    Аналитичарите сметаат дека сеопфатна војна на Блиски Исток би значела цена на нафтата од 150 долари за барел

    spot_img

    Како последица на конфликтот во Израел и стравувањето дека тој може да се прошири, цената на нафтата изминатата недела порадна за 7,5%. Аналитичарите предвидуваат и драстичен раст доколку конфликтот го зафати регионот од каде што главно се извезува нафтата.

    На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела скокна за 7,5%, на 90,89 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 5,9%, на 87,69 долари.

    Аналитичарите сметаат дека економските последици од војната во Израел ќе бидат далеку пострашни за глобалната економија, доколку конфликтот се прошири. Тука главно се има предвид дека светот е ранлив по по пандемијата и конфликтот во Украина.

    Блумберг објави дека глобалната економија ќе падне во рецесија со скок на цените на нафтата доколку Иран се вклучи во израелско-палестинскиот конфликт.

    Според експертите и самиот конфликт кој се одвива на израелска територија влијае на цената на нафтата, а дополнително би влијаел, ако конфликтот се  прошири на Либан и Сирија. Најстрашно сценарио за глобалната економија, според предвидувањата на Блумберг, би била сеопфатна војна со Иран. Во тој случај цената на нафтата би моќека да скокне до 150 долари за барел.

    – Глобалната инфлација најверојатно ќе се зголеми на 6,7%, во споредба со тековната прогноза на ММФ за 2024 година од 5,8%. Глобалниот раст, исто така, најверојатно ќе се намали за 1% од сегашните проекции за следната година, на 1,7%, што би било најлошото од 1982 година. Во монетарна смисла, тоа би ја чини глобалната економија приближно 1 трилион долари – велат аналитичарите.

    Тие тврдат дека со комбинација на сите фактори – ефектите би се почувствувале брзо, бидејќи многу земји се уште се борат со инфлацијата предизвикана од западните санкции против Русија.

    „Друга војна во регионот што произведува енергија би можела да ја турне глобалната економија во рецесија“, сепак посочува Блумберг, истакнувајќи дека директен конфликт меѓу Иран и Израел останува „неверојатно сценарио“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img