САД успешно премостуваат санкции од Кина преку Мексико и Тајланд, забрзано носејќи антимон за батерии, чипови и огноотпорни материјали, анализира Ројтерс.
Нови податоци од царините и транспортните компании открија дека најмалку една кинеска фирма активно учествувала во оваа сложена трговска мрежа. Овој тренд за Ројтерс го потврдиле тројца индустриски експерти, од кои двајца се извршни директори во американски фирми.
Изворите истакнале дека преку Мексико и Тајланд во САД за само 5 месеци стигнале повеќе антимонски оксиди отколку во последните 3 години заедно.
Новите количества стигнуваат во САД по повисоки цени, додека Тајланд и Мексико одненадеж станаа меѓу трите најголеми пазари за извоз на кинески антимон, иако ниту една земја не ископува значајни количини на металот.
– Тоа е шема што ја гледаме и таа шема е конзистентна – истакна Рам Бен Цион, коосновач и директор на платформата Publican, посочувајќи дека кинеските компании биле „супер креативни“ во заобиколувањето на трговските бариери.
Фирмите сега се особено внимателни, поради зголемените ризици од контрола од страна на кинеските и американските власти. Пратите се предбележуваат, се тврди во статијата на Ројтерс.
– Колку поголема пратка, толку поголем ризик од контрола – изјави Леви Паркер, директор на „Галант Металс“, кој објасни дека набавува 200 килограми галиум месечно од Кина, преку предбележани пакувања што формално се водат како железо, цинк или како уметнички материјали.
Во моментот, американските закони не забрануваат увоз на антимон или галиум со кинеско потекло ако доаѓа преку лиценцирани посредници, но зголемените цени и ризиците со синџирите за снабдување остануваат отворено прашање.
Кинеското Министерство за трговија објави дека неодредени странски субјекти „соработувале со домашни прекршители“ за да се премостат ограничувањата за извоз и нагласи дека сузбивањето на таквите активности е клучно за националната безбедност.
САД, Тајланд и Мексико одбиле да дадат коментар на прашањата од Ројтерс.
Додека САД ги премостуваат кинеските санкции, рускиот претседател успешно ги премостува американските санкции за руска нафта од почетокот на војната преку земји како Турција.
Москва ги насочи испораките преку Турција, често со помош на турски рафинерии и терминали како Дортијол. Руската нафта се испорачува сурова и добива разни налепници. Во Турција нафтата се препакува како локален производ, а потоа се извезува во ЕУ преку посреднички земји.
Оваа тактика на Русија ѝ донесе милијарди евра приходи и ја одржа нејзината економија додека војната во Украина уште трае.
Во 2023 и 2024 Турција стана клучен чвор за руската енергетика, увезуваше до 70 % од морската нафта од Русија и богато заработуваше од извозот на нафтата во западните земји.
Според податоци од Ројтерс објавени на 20 мај 2025, ЕУ веќе го фокусира својот 17-ти пакет санкции токму на „сенката флота“ – стара, нерегистрирана и нерегулирана флота на танкери дизајнирана да ја премостува ценовната капа од 60 $ по барел. Пакетот ги вклучува и турски компании и посредници кои им помагаат на руските испораки да се реекспортираат во Европа
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
