More

    Американците се загрижени, работат на одбраната со Тел Авив

    spot_img

    Министерството за надворешни работи на Иран денеска соопшти дека земјата нема да ги остави „криминалните“ дејствија на Израел без одговор.

    – Иран нема да остави без одговор на ниту едно од злосторничките дела на Израел – изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Насер Канани на денешната прес-конференција.

    Тој прецизираше дека станува збор за неодамнешните ликвидации на лидерот на Хезболах Саид Насралах и на заменик командант на Иранската револуционерна гарда Абас Нилфорушан, во Либан, јавува Ројтерс.

    Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги осуди израелските напади врз регионалните сојузници на Техеран, наведувајќи дека на Израел не треба да му се дозволи да ги напаѓа земјите од иранската „оска на отпор“ една по друга и предупредувајќи дека таквите акции нема да останат без одговор.

    Администрацијата на Бајден е загрижена дека Иран планира одмазднички напад затоа што Израел го уби лидерот на Хезболах Хасан Насрала, па затоа работи со Израел на одбраната, изјави синоќа американски претставник за Си-Ен-Ен.

    Администрацијата на Бајден водеше мултинационална одбрана на Израел во средината на април, кога Иран лансираше повеќе од 300 беспилотни летала и проектили кон Израел како одговор на неговиот напад врз високи офицери на Иранската револуционерна гарда во Сирија.

    Американскиот функционер одби да каже каков напад се очекува од Иран, а не ги прецизираше чекорите што ги презема американската војска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img