More

    Американците се пресметаа со Авганистан пред да си заминат?

    spot_img

    Снимките кои ги објави американскиот медиум Си-Ен-Ен фрлаат сомнеж за тоа што се случи на 26 август 2021 година, на влезот на аеродромот во Кабул, главниот град на Авганистан, кога 13 американски војници и приближно 170 авганистански цивили ги загубија животите по нападот за кој одговорноста ја презема Исламската држава.

    Снимката снимена од го-про камера на американски маринец, кој ја обезбедувал областа, покажува како американскиот воен персонал зазема одбранбени позиции во близина на аеродромот додека во близина се слушаат повремени пукотници.

     

     

    Како што јави италијанската агенција „Нова“, на видеото се гледа дека за четири минути по експлозијата се случиле најмалку 11 престрелки, односно многу повеќе од трите истовремени судири кои неодамна беа спомнати во истрагата за овој случај, водена од Министерството за одбрана на САД.

    Пентагон претходно тврдеше дека сите жртви на тој настан биле резултат на една експлозија, а сведочењето за пукањето го припиша на „општа конфузија“.

    Снимката за која пишува Си-Ен-Ен никогаш не била спомната во истрагата на Пентагон.

    Си-Ен-Ен цитира неколку сведоци, вклучително и десетина американски војници кои биле на местото на настанот, авганистански лекар кој тврди дека тој лично извадил куршуми од телата на ранетите и локални здравствени работници кои зборувале од „десетици жртви“ меѓу Авганистанците поради прострелни рани.

    Војниците и авганистанските цивили интервјуирани од Си-Ен-Ен изјавија дека слушнале речиси десетина истрели по експлозијата. Сведоците, исто така, сугерираат дека авганистанските цивили можеби биле убиени од американски војници кои верувале дека биле нападнати.

    Пентагон подоцна призна дека американски и британски војници учествувале во пвкупно три престрелки, што, како што било речено, се случиле речиси истовремено. Според информациите што ги објави Си-Ен-Ен, британските сили испукале 25 или 30 предупредувачки истрели, а американски војници испукале два рафали кон осомничените милитанти.

    На видеото што го објави Си-Ен-Ен, само 30 секунди по експлозијата, се слушаат најмалку 17 истрели, проследени со уште десет повремени размени на оган.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img