More

    Американците лансираа проектил што патува со брзина од 24.000 километри на час

    spot_img

    САД вчера наутро лансираа невооружена интерконтинентална балистичка ракета од вселенската база Ванденберг во Калифорнија, што е првото од двете пробни лансирања планирани за оваа недела, јави Си-Би-Ес.

    Командата на воздухопловните сили објави видео и слики од ракетата Минутмен 3 (Minuteman III) додека лета на небото северно од Санта Барбара.

     

    Во соопштението се наведува дека пробната програма за лансирање е дизајнирана за „да се потврди безбедноста, ефективноста и подготвеноста на системот за оружје“.

    Ракетата Минутмен 3 патувала преку 6.400 километри со брзина поголема од 24.000 километри на час до Маршалските Острови во централниот дел на Пацификот.

    – Ова пробно лансирање го означува почетокот на извонредната недела за нашите воздухопловци во Ванденберг, со две планирани пробни лансирања од западниот полигон. Овие тестови се од огромно значење, не само за одбраната на нашата нација, туку служат и како клучен момент за прикажување на исклучителните способности и експертиза на нашиот посветен тим – изјави полковник Брајан Титус, заменик командант на воената единица Space Launch Delta 30.

    Минутмен 3 стана оперативен во 1970-тите. Во моментов има 400 ракети Минутмен 3 во различни бази на воздухопловните сили низ САД, кои военото крило ги опишува како стратешки вооружен систем наменет да служи како „сигурно и ефективно нуклеарно одвраќање“.

    Слични тестови биле спроведени повеќе од 300 пати претходно, а Титус вели дека вчерашниот тест „не бил резултат на актуелните светски настани“, туку имал за цел „да покаже дека нуклеарното одвраќање на САД е безбедно, доверливо и ефикасно“.

    Минутмен 3 за 30 минути може да стигне до Москва и Пекинг, кои се оддалечени на 9.500 и 9.650 километри од Калифорнија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img