Американците ќе обезбедуваат оружје за битките на украинска територија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На Украина е да одлучи дали ќе го прошири конфликтот со Русија надвор од сопствените граници, изјави вчера пред Сенатот американскиот државен секретар Антони Блинкен, пренесува РТ. Неговите коментари дојдода неколку часа откако Москва ја осуди изјавата на висок британски функционер кој рече дека би било „легитимно“ Киев да користи оружје доставено од НАТО за напад на руска територија.

– Ние сме решени да им го обезбедиме она што им е потребно за да се справат со оваа руска агресија и да ги истуркаме Русите од земјата. Друго прашање е дали Украинците треба да преземат дејствија што ги надминуваат нивните граници – рече Блинкен вчера попладне, на сослушувањето пред Комитетот за доделување средства на Сенатот што го разгледуваше буџетот на Стејт департментот за 2023 година.

Share This Article