More

    Американците го сакаат Јокиќ во репрезентација

    spot_img

    Голем број Американци би сакале да го видат српскиот кошаркар Никола Јокиќ во својата репрезентација. Објавата на ЕСПН каналот предизвика бура на социјалните мрежи. Телевизијата на Твитер објави фотографија од трите странски асови во НБА – Србинот Никола Јокиќ, Гркот Јанис Адетокумбо и Словенецот Лука Дончиќ. Заедно со тоа дојде и прашањето – кој од нив би сакале да го видите во американската репрезентација.

    За еден ден, објавата има речиси 600.000 прегледи, а, според коментарите, Американците најмногу би сакале да го видат Јокиќ во американската репрезентација.

     

    „Никола, се разбира, тој е најдобриот играч на планетата“, „Дајте ни го Никола“, „Јокиќ, другите не се ни блиску“, „Јокиќ најдобро би се вклопил во овој американски тим, бидејќи се може да помине преку него, би го подигнал целиот тим“ – ова се само дел од коментарите за српскиот кошаркар.

    Пожелна опција за дел од Американците е и Гркот Јанис Адетокумбо, најмногу поради неговите атлетски предиспозиции и играта во одбрана, додека Лука Дончиќ доби најмалку гласови со најчесто објаснување дека „Америка има премногу одлични играчи на бековските позиции“.

    Но, факт е дека ниеден од овие тројца кошаркари, и да сака, не можеше да ја смени репрезентацијата, поради правилата на ФИБА. Иако, дел од медиумите потсетуваат дека и тоа правило очигледно не важи за сите откако Ерик Гордон беше ослободен. Асот на НБА на претстојниот Мундијал ќе игра за Бахамите бидејќи ФИБА одлучи дека тој „може да се приклучи на програмата за развој на националниот тим бидејќи тоа е во најдобар интерес на кошарката“.

    Кога станува збор за споменатите тројца играчи, се чини дека на Мундијалот ќе игра само Лука Дончиќ за репрезентацијата на Словенија.

    Веќе е познато дека Јокиќ нема да биде во српскиот тим на Мундобаскетот, додека Јанис се опоравува од повредата. Грчкиот репрезентативец имаше мала операција, сѐ уште не тренира и не е во грчкиот тим, а мали се шансите да закрепне навреме за настап на Светското првенство. Дончиќ исто така имаше полесна повреда во текот на подготовките со репрезентацијата на Словенија, но ништо сериозно што може да го загрози неговиот настап на претстојниот Мундијал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img