„Во најдобар случај е идиот“ рускиот пилот кој со Су-27 собори американски дрон над Црното Море, смета Џон Кирби, портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа. Тој тврди дека видео-доказите се доста убедливи дека пилотот намерно му го скршил пропелерот на дронот MQ-9 Reaper.
– Немам поим зошто би му дале награда за храброст на пилот кој, во најлош случај, злонамерно се изложил себеси и американските средства на голем ризик, а во најдобар случај, е само идиот – изјави Кирби коментирајќи го фактот што и двајцата пилоти Попов и Вавилов добија Орден на храброст од Сергеј Шојгу, рускиот министер за правда.
Еден од нив го собори дронот.
– Не знам за друга војска во светот, друга воздухопловна сила во светот, која би го наградила пилотот за соборување на дрон. Ако тоа е храброст, тогаш претпоставувам дека тие имаат поинаква дефиниција. Тоа е смешно, тоа е навредливо – додаде тој.
Судирот над Црното Море стана прва директна конфронтација меѓу САД и Русија во поново време.