Американското Министерство за одбрана отвори веб-страница со јавно достапни информации за неидентификувани воздушни појави (unidentified anomalous phenomena), попознати како неидентификувани летечки објекти.
Предвидено е веб-страницата да функционира како централна база на податоци за информации за решените случаи на НЛО, со објавување на фотографии и видеа веднаш штом ќе бидат декласифицирани.
На веб-страницата ќе се објавуваат и различни извештаи и дел од најчесто поставуваните прашања, како и линкови до официјални извештаи, транскрипти, соопштенија за медиумите.
Пентагон во април соопшти дека набљудува повеќе од 650 потенцијални случаи на НЛО, односно случаи кои не можат да се објаснат и активности што не можат лесно да се разберат.
Најчесто пријавени карактеристики на НЛО се: тркалезна форма, со големина од еден до четири метри, транспарентен или сребрен обоен материјал и лет на височина од 3.000 до 9.000 метри.
Американските власти не нашле убедливо објаснување за некои случаи на НЛО, додека други се припишуваат на метеоролошки балони, беспилотни летала, но и птици, временски настани или отпадод воздухот.