Американското Министерство за финансии ослободи од санкции некои трансакции со Русија поврзани со земјоделски производи, лекови и други стоки.
Канцеларијата за контрола на странски средства издаде неколку лиценци, 6B, 7A, 8C и 27, кои дозволуваат одредени трансакции во кои се вклучени странски финансиски институции, пренесува ТАСС.
Некои други исклучени трансакции се поврзани со ковид-19, медицински помагала, клинички испитувања, а лиценците се со датуми од 14 јули, 5 мај, 14 јуни и 19 април, наведува руската агенција.