Американските војници кои неодамна пристигнаа во Полска почнаа со вежби во близина на границата со Украина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американските војници кои неодамна пристигнаа во Полска почнаа со вежби во близина на границата со Украина, изјави полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак.

– Во текот на викендот војниците на 18-та механизирана дивизија на полската армија почнаа заеднички вежби во југоисточниот дел на земјата со американски војници од 82-та воздушно-десантна дивизија – напиша Блашчак на Твитер.

САД и Велика Британија неодамна распоредија дополнителни 1.700, односно 350 војници во Полска. Пентагон подоцна најави испраќање на уште 3.000 војници во Полска.

Share This Article