Американските разузнавачки агенции се сомневаат дека членовите на Хезболах би можеле да извршат напади внатре во Соединетите Американски Држави или да ги таргетираат американските дипломати во странство

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американските разузнавачки агенции се сомневаат дека членовите на Хезболах би можеле да извршат напади внатре во Соединетите Американски Држави или да ги таргетираат американските дипломати во странство, пишува Политико, повикувајќи се информации од официјални лица во американските служби.
Официјалните лица веруваат дека „милитантната група поддржана од Иран, најверојатно, најпрво ќе го таргетира американскиот персонал на Блискиот Исток“.
„Американските разузнавачки агенции собираат податоци за Хезболах кои сугерираат дека тие можеби размислуваат за напади врз американски војници или дипломатски персонал во странство. Шансите за напад на американско тло исто така се зголемуваат како што ескалираат тензиите во регионот“ – објави Политико.

Сепак, официјалните лица одбија да прецизираат конкретни видови напади што Хезболах може да ги изврши. Според нив, Хезболах има „широка меѓународна мрежа која би ѝ овозможила на групата да ги користи своите оперативци за да изврши напад во САД“. Разузнавачките агенции велат дека другите групи во регионот немаат такви способности.

„Политико“ истакнува дека напад во САД или напад врз американски војници и дипломати во странство би бил напад врз администрацијата на Бајден.

„Тоа, исто така, веројатно ќе го повлече Вашингтон назад на Блискиот Исток во време кога тој се обидува да ги фокусира своите национални безбедносни ресурси на спротивставување на Кина и Русија“ – заклучува весникот.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен претходно изјави дека израелските и либанските власти, како и шиитското движење Хезболах, се обидуваат да избегнат ескалација на судирите, додека Вашингтон се обидува дипломатски да ги олесни нивните напори.

Абу Таква, командант на групата Харакат Хезболах ал-Нуџаба, беше убиен во напад на американско беспилотно летало во Багдад на 4 јануари. На 26 декември 2023 година, американската централна команда објави дека биле извршени напади врз цели на Катаиб Хезболах.

Шиитската група напаѓа цели во Ирак како одговор на нападите од коалициските сили предводени од САД во Ирак и во Сирија. Ирачките власти ги осудија американските напади како непријателски чин што го нарушува суверенитетот на земјата.

Share This Article