Се зголемува листата на американски мултинационални бизниси – од Епл до Левис – кои ги прекинуваат активностите во Русија, но некои компании избираат да останат во земјата и покрај ризиците за нивната репутација.
Тие се соочуваат со зголемен притисок: повиците за последици се појавуваат на социјалните мрежи под хаштагови како што се #BoycottMcDonalds и #BoycottPepsi – две компании кои добија писма од шефот на пензискиот фонд на државата Њујорк.
– Тие компании „треба да размислат дали водење бизнис во Русија вреди да се ризикува во ова извонредно нестабилно време“ – наведе Томас ДиНаполи во изјавата.
ДиНаполи, исто така, испрати писма до производителот на солени кондиторски производи „Mondelez“, козметички групи „Estee Lauder“ и „Coty“ и брокерската куќа „Bunge“.
Тим од Универзитетот Јеил, кој води список на компании со значително присуство во Русија, објави дека околу 250 најавиле повлекување од земјата откако таа ја нападна Украина.
Групата рече дека повлекувањата потсетуваат на „големиот корпоративен бојкот на Апартхејдот во Јужна Африка во 1980-те“.
Сепак, многу американски компании уште во Русија молчат.
„Старбакс“ соопшти дека неговите 130 кафулиња во Русија се во сопственост на кувајтски конгломерат. Кафе гигантот вети дека ќе го донира секој профит од својот бизнис во Русија за хуманитарните напори во Украина.
„Yum Brands“ -нивните околу 1.000 ресторани KFC и 50 „Pizza Hut“ во Русија се речиси сите управувани од независни сопственици под лиценца или договори за франшиза. Вчра објавија дека „ги суспендира сите инвестиции и развој на ресторани во Русија“.
Економските санкции наметнати на Русија со широк консензус од западните влади „се навистина најдобриот начин за справување со Русија, наспроти воената конфронтација“, рече поранешниот етички адвокат на Белата куќа.
– Некои компании можеби се обложуваат дека критиките ќе паднат на краток рок, но на крајот ќе стивнат – рече Брајан Берки, кој е специјализиран за корпоративна етика на Универзитетот во Пенсилванија.
Други кризни ситуации, како што е израелско-палестинскиот конфликт, доведоа до повици за бојкот на одредени компании, но без поголем ефект.
Поддршката за таквите иницијативи не е секогаш едногласна, но „најчесто луѓето во САД и во Европа се обединети во мислењето дека она што го прави Русија е очигледно неприфатливо“, наведе тој.
Марк Хас, специјалист за комуникации на Државниот универзитет во Аризона, рече дека економскиот интерес на компаниите кои избрале да останат во Русија „го надминува репутацијата“.
„Мекдоналдс“, на пример, добива 9 отсто од приходите и 3 отсто од оперативниот профит од Русија.
Но, „ако социјалните медиуми почнат да ве идентификуваат како компанија која е подготвена да прави бизнис со автократски агресор, кој убива илјадници луѓе во Украина, вие сте во голема неволја… И тоа ќе му наштети на бизнисот пошироко отколку само во Русија“, смета Хас.