More

    Американскиот претседател Џо Бајден синоќа објави дека се повлекува од претседателската трка, а набргу потоа јавно ја објави поддршката за потпретседателката Камала Харис

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден синоќа објави дека се повлекува од претседателската трка, а набргу потоа јавно ја објави поддршката за потпретседателката Камала Харис.

    Набрзо Хилари и Бил Клинтон јавно и дадода поддршка на Камала. Наскоро се огласија и гувернерите Гевин Њусом и Џош Шапиро, но впечатливо беше тоа што изостана поддршката од поранешниот претседател Барак Обама.
    Имено, Обама даде изјава во која му оддаде почит на Бајден, но во ниту еден момент не ја спомена Камала Харис.

    – Ќе се движиме низ непознати води во наредните денови… Но, имам исклучителна доверба дека лидерите на нашата партија ќе успеат да создадат процес што ќе произведе извонреден кандидат. Верувам дека визијата на Џо Бајден за просперитетен и обединета Америка која дава можност на сите, ќе биде целосно изложена на Демократската конвенција во август – рече Обама во изјавата.

    Се верува дека оваа објава би можела да се протолкува како „повик за отворен конкурс, наместо крунисување“, пишува SkyNews. Дополнително, се поставува прашањето дали  човекот кој влезе во историјата како првиот црн американски претседател, не би сакал неговата партија повторно да отвори „нов терен“, бидејќи номинацијата и победата на Камала Харис ќе ја направи првата жена во Белата куќа.

    – Исто како што направи во 2020 година, кога Џо Бајден ја освои номинацијата, претседателот Обама верува дека ќе биде во единствена позиција да помогне во обединувањето на партијата – изјави извор близок до Барак Обама.

    SkyNews потсетува дека Обама не го поддржуваше Бајден во 2020 година додека сенаторот Берни Сандерс не се откажа од трката.

    Како што посочуваат, шпекулациите дека Обама се воздржува бидејќи верува дека би можела да биде номинирана неговата сопруга Мишел, немаат основа.

    Додека анкетите ја покажуваат како единствениот демократ кој може да го победи Доналд Трамп, поранешната прва дама повеќепати потенцираше дека нема претседателски аспирации.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img