Американскиот претседател Џо Бајден се сопна и падна на доделувањето на дипломите на американската Академија на воздухопловните сили во Колорадо во четвртокот. Веднаш му беше помогнато да стане. Белата куќа изјави дека тој бил добар по падот. Снимката од падот стана хит на Твитер. Се испостави дека на Бајден на патот му застанала вреќа со песок. Претседателот бил во добро расположение до крајот на церемонијата. Претходно, тој цели 90 минути им делеше дипломи на кадетите.
Не му е првпат на Бајден да падне. Лани тој падна возејќи велосипед во Делавер.