More

    Американскиот прехранбен гигант Кока- Кола најави дека следната година ќе ги затвори центрите за флаширање и логистика на пет локации во Германија и ќе отпушти 500 работници

    spot_img

    Американскиот прехранбен гигант Кока- Кола најави дека следната година ќе ги затвори центрите за флаширање и логистика на пет локации во Германија и ќе отпушти 500 работници. Како причина за оваа постапка се наведува дека компанијата ги исцрпила можности за проширување на бизнисот и е принудена да се прилагоди на новите  промени во логистиката на пијалаци според која големите партнери за малопродажба се откажуваат од директните испораки и нарачуваат достава до централно складиште.

    Според соопштението на Coca-Cola Europacific Partners (CCEP), се планира затворање на локации во Келн каде што има фабрика за флаширање на пијалаци и логистички центр и како и во Нојменстер, Берлин, Билефелд  Меминген каде што има само логистички центри.

    – Јасно ни е дека планираните промени се многу болни за вработените на кои ќе им престанат работните места. Затоа ни е уште поважно планираните промени да ги спроведеме на општествено одговорен и транспарентен начин- изјави првиот човек на Coca-Cola Europacific Partners  Тилман Ротхамер.

    Оваа компанија во Германија и вработува приближно 6.500 работници на 27 локации, вклучително и 14 фабрики за флаширање.

    Затворањето на фабриката и на логистичките центри подразбира престанок на 505 работни места и префрлање на 207 од нив на други локации.

    Во исто време, компанијата планира да отвори 78 нови работни места.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img