More

    Американскиот министер за одбрана Лојд Остин е примен во одделението за интензивна нега во рамките на неговата хоспитализација поради итен проблем со мочниот меур

    spot_img

    Американскиот министер за одбрана Лојд Остин е примен во одделението за интензивна нега во рамките на неговата хоспитализација поради итен проблем со мочниот меур, соопшти Пентагон.

    „Вечерва, по серија тестови и проценки, министерот беше примен на одделот за интензивна нега во Националниот воено медицински центар ‘Волтер Рид’ за поддршка и за внимателно следење“, се вели во соопштението објавено доцна синоќа.

    Пентагон претходно соопшти дека Остин бил вратен во болница за лекување на „симптоми кои укажуваат на итен проблем со мочниот меур“. Подоцна беше објавено дека Остин ѝ ги префрлил своите овластувања на заменичката Кетлин Хикс, која моментално ја извршува функцијата шеф на Пентагон.

    Остин (70) на 22 декември бил примен во болницата на лекување од рак на простата.Тој повторно се вратил во болница на 1 јануари поради компликации, вклучително и инфекција на уринарниот тракт. Информациите за неговата хоспитализација беа откриени дури 4 дена подоцна, а Пентагон во меѓувреме не прецизираше зошто министерот е задржан на лекување до 9 јануари.

    Пред неколку дена беше објавено дека Остин на 29 февруари ќе сведочи пред Конгресот во врска со неговото необјавување на дијагнозата за рак и последователната хоспитализација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img