Американскиот Конгрес одобри продолжување на федералниот буџет, со што се спречи затворање на американската администрација пред празникот Денот на благодарноста.
По Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во вторникот, Сенатот вчера со големо мнозинство од 87 гласа за и 11 против го изгласа предлогот за продолжување на буџетот до средината на јануари.
Бидејќи беше усвоен од двата дома на Конгресот, документот мора да биде потпишан од претседателот Џозеф Бајден.
Тековниот буџет истекува на полноќ, меѓу петок и сабота.