Американскиот композитор Анџело Бадаламенти почина на 85-годишна возраст

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американскиот композитор Анџело Бадаламенти почина на 85-годишна возраст од природна смрт, објави „Њујорк тајмс“.

Тој ќе остане запаметен по својата долгогодишна и плодна соработка со режисерот Дејвид Линч.

Бадаламенти работеше на неверојатна музика за филмовите „Синиот сомот“ (1986), „Диви во срцето“ (1990), „Изгубен автопат“ (1997), „Правата приказна“ (1999), „Малхоланд драјв“ (2001), „Булевар на ѕездите“, но и за култната телевизиска серија „Твин Пикс“ (1990-1991).

Бадаламенти ја доби престижната музичка награда Греми за музиката за серијата „Твин пикс“ во 1990 година, која ја напишал без да види ниту еден кадар од серијата, туку се инспирирал само од разговорите со Линч.

Бадаламенти, исто така, се појави на екранот како гангстерот Луиџи Кастиљане во „Mulholland Drive“ и свиреше пијано со Изабела Роселини во „Синиот сомот“.

Во својата долга кариера, Бадаламенти соработуваше и со легенди како Нина Симон, Дејвид Боуви, Пол Макартни, Лајза Минели, „Пет шоп бојс“, а ја напиша и свечената музика за Олимпијадата во 1992 во Барселона.

Share This Article